1.100 родители одбиле да ги вакцинираат децата, тие треба да платат казна или ќе завршат на суд

239
0
SHARE

Повеќе од 1.100 родители кои одбиле да ги вакцинираатсо МРП своите деца ќе треба да платат казна од 300 до 600 евра или ќе завршат на суд, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според законот, тие ќе треба да платат казна од 350 до 650 евра, ако не ќе завршат на суд. Најмногу родители кои потпишале ваква изјава се од Скопје 593, потоа од Струмица 191, Куманово 93, Битола 50, додека пак во Штип 40 одбиле да ги имунизираат своите деца.

Плаќањето на казната не ги амнестира родителите од обврската да ги вакцинираат децата и истата се однесува само за една непримена вакцина.

Здравствените инспектори од денеска ќе почнат да ги повикуваат родителите од Скопје да си ја платат казната. Доколку одбијат ќе им бидат поднесени прекршочни пријава и ќе завшрат на суд.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here