10 тајни на стјуардесите од прва класа

472
0
SHARE

Стјуардесите од прва класа изгледаат како вистински кукли. Тие имаат дури и обука за како да се шминкаат, а на ѓерданите за време на лет може да заборават засекогаш.

Совршено испеглана облека, беспрекорна фризура, мазна кожа и нежна шминка… Но, се разбира, сето тоа има цена.

Колку и да изгледа гламурозна нивната работа, стјуардесите се соочуваат со низа правила кои мора да ги почитуваат:

Имаат информации за секого уште пред луѓето да се качат на летот

Пред секој лет екипажот има краток состанок околу патниците и нивните желби.

На нивните таблети тие го имаат вашето име и други податоци за вас, особено ако сте ВИП или редовен клиент.

Запишуваат белешки за вас за време на летот

Стјуардесите ги запишуваат желбите, интересите и хобито на клиентите за во текот на дестинацијата тие да се чувствуваат удобно, а особено ако летаат повторно со истата компанија.

Имаат оддел кој им кажува каква шминка смеат да носат

Постојат правила за начинот на шминкање на стјуардесите. Во некои компании дозволени се само одредени бои на сенки за очи, одредени нијанси кармини, а ноктите треба да бидат со француски маникир или во некоја нежна боја.

Имаат точно одредена фризура која треба да ја носат за време на летот

Во компаниите од Обединетите Арапски Емирати се носи француски твист со ластиче во црвена боја.

Имаат курсеви за шминкање и нега на кожа

Стјуардесите, покрај многуте други курсеви, имаат и курсеви за нега и убавина.

Тие имаат забрана за носење накит

Кога е накитот во прашање дозволени се само дискретни обетки. Тие може да бидат бисерни или да изгледаат како мали кристали.

Дискретни часовници исто така се дозволени, додека носењето ѓердани е забрането.

Главната стјуардеса носи поинаква боја на униформа

Нејзината униформа се разликува од онаа на останатите стјуардеси.

Унапредувањата се ригорозни

Кога некој од економската класа треба да помине во бизнис класата или во првата класа, минува низ сериозни обуки.

Помислете само на оброкот во една чинија во економската класа и многуте чинии  за различен тип на оброци и приборите за јадење во првата класа.

Тие мора да имаат познавања за вината

Во првата класа се служат екстремно скапи вина, па стјуардесата мора да има познавање што служи, па и да даде некој совет. Истото важи и за другите пијалаци.

Тие ретко гледаат познати лица во екипажот.

Не гледаат често познато лице во екипажот. Секој нов лет им носи тон нови колеги/колешки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here