Кривични пријави за поранешните директори на Агенцијата за филм

538
0
SHARE

Поранешните директори на Агенцијата за филм Братислав Димитров и Мими Ѓорговска Илиевска како и претседателот на Управниот одбор на Агенцијата за филм, Дејан Димески заработија кривични пријави. Финансиската полиција поднесе нови кривични пријави за злоупотреба на службената положба.

Според кривичната пријава, двајцата поранешни директори спротивно на законот му овозможиле на Димески истовремено да учествува како филмски работник, директор на фотографија и кинематографер, во реализација на десет филмски проекти финансирани од Агенцијата за филм, а кои претходно ги одобрил самиот тој.

Со тоа тој прибавил корист за себе од над 100.000 евра преку неколку продуцентски куќи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here