139 новозаразени и еден починат од коронавирусот

131
0
SHARE

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19, соопшти на својот профилна ФБ министерот за здравство Венко Филипче. Во Скопје се забележани 30 новозаразени, во Куманово 20, Дебар 2, Штип 15, Прилеп 1, Тетово 6, Струга 8, Битола 2, Охрид 3, Кавадарци 8, Гостивар 19, Гевгелија 1, Струмица 2, Кочани 5, Демир Хисар 2, Македонски Брод 3, Берово 1, Делчево 1, Свети Николе 6 и Кичево 4.

-Починат е пациент од Охрид во болнички услови, информира министерот.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: Скопје 132,Куманово 22,Дебар 8,Штип 14,Прилеп 4,Тетово 6,Велес 1,Битола 7,Кавадарци 3,Гостивар 2,Кочани 3,Демир Хисар 4, Делчево 3, Свети Николе 23, Кичево 6 и Неготино 1.

Досега во земјата се направени вкупно 119102 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12217, бројката на оздравени пациенти е 8487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3200. Денес се евидентираат пет контролни теста, се наведува во информацијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here