Турите со коњи на Маврово: Слика за дивата убавина на Македонија

78
0
SHARE

Запознајте го Александар од Маврово. Изминатиот период во групата „Туризам во Македонија“ се споделуваа многу фотографии од јавење коњи. Одговорноста за дел од фотографиите ја презема Александар кој со години наназад организира тури во мавровскиот предел каде освен јавењето покрај мавровското езеро, тој своите групи ги води и низ густите шумски предели.

Александар располага со 17 коњи. Тој вели дека сите се ептен питоми и дека ги сакаат луѓето. Како што вели тој, јавењето во околината на Маврово е идеална за сите почетници, а за поискусните јавачи им ја препорачува турата до бачилото.

Александар вели дека љубовта кон природата, а особено кон коњите е главната причина да се бави со ова хоби. На свои 10 години за прв пат се качува на коњ, а се уште се сеќава на тоа чуство кое го опишува како фантастично и кое чуство и после толку долго време не го напушта.

Турите започнува да ги реализира пред неколку години кога неговата пасија се претвора во желба за нешто поголемо. Турите со коњи него му донеле многу гости од земјава и од странство. Тој вели дека најчести гости се германци и холанѓани.

Туристите се воодушевени од прекрасната околина и можноста да јават коњи. Импресиите ги покажуваат на лице место, а задоволството резултира со повторо доаѓање кај Александар.

Доколку сакате повеќе информаци за турите кои ги организира Александар, тие ќе можете да ги добиете на: 070 282 192

Извор Кајак.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here