20 историски факти што ќе ја променат вашата перспектива за минатото

367
0
SHARE

Иако најверојатно сте ја мразеле историјата на училиште, морате да признаете дека таа е полна со неверојатни и шокирачки приказни. Ако барате на вистинските места, ќе откриете дека историјата е навистина поинтересна отколку што сте мислеле. Повеќето работи што сте ги учеле на училиште сигурно не ви го привлекувале вниманието, но следниве факти речиси сигурно ќе ја променат вашата перспектива за историјата.

1. Пирамидите биле толку стари, што и самиот Тутанкамон веројатно ги гледал како „древни“.

2. Некои дрва од видот џиновска секвоја се постари и од пирамидите.

3. И покрај тоа што нејзиното семејство владеелo со Египет стотици години, Клеопатра била првата од нив што го научила египетскиот јазик.

4. Алјаска била единствениот дел од Америка којшто бил окупиран од Силите на Оската во Втората светска војна.

5. Пресметано е дека во изминативе 3.000 години, имало само 240 години мир.

6. Еднаш армијата на Јулиј Цезар се поделила на два дела за да го опколи непријателот и војниците поминале часови чекајќи да се нападнат меѓу себе.

7. Кога го достигнала врвот, Римската Империја имала површина од 6,5 милиони километри квадратни. Таа била 19-тата најголема империја во историјата.

8. Компанијата Warner Bros. била основана само неколку месеци пред падот на Отоманската Империја, односно на 4-ти април 1923-та година, наспроти распаѓањето што било на 24-ти јули 1943-та година.

9. Во само едно попладне за време на Битката во Сталинград, контролата над една железничка станица била променета 14 пати помеѓу германската и советската војска.

10. Советските војници користеле кучиња на кои имало прикачено експлозив како оружје против тенковите. Но, понекогаш кучињата се враќале и експлодирале помеѓу нив.

11. Од 11-те најсмртоносни војни во историјата, 9 се одвивале во Кина.

12. Очилата биле измислени од Кинезите, но не за заштита од сонце. Биле користени од судиите со цел да ги сокријат нивните емоции.

13. Ноќта кога бил убиен, Мартин Лутер Кинг имал борба со перници во неговата хотелска соба.

14. Ноќта кога бил убиен, Абрахам Линколн го одобрил постоењето на Тајната служба.

15. Иако постојат гласини дека Наполеон бил низок, тој всушност бил повисок од просечниот Французин.

16. Сегашното знаме на САД било дизајнирано од 17-годишниот Роберт Хефт како училиштен проект. За проектот добил четворка. Кога претседателот го одбрал неговиот дизајн, учителката му ја поправила оценката во петка.

17. Бејзболот бил измислен во Британија во 1755-та година, три децении пред општо прифатениот датум.

18. Оригинално пирамидите биле покриени со бел мермер, а врвовите им биле обложени со 24-каратно злато.

19. Во 1927-ма година, нацистичкиот доктор Јулиј Вагнер добил Нобелова награда за лек за сифилис, кој го открил заразувајќи ги луѓето со маларија.

20. Сите британски тенкови направени после 1945-та година имале опрема за правење чај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here