25-годишна велосипедистка тешко повредена во сообраќајна несреќа во Скопје

299
0
SHARE

На крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во утринските часови на 16 февруари се случила сообраќајна несреќа, во која тешко повредена е 25-годишна велосипедистка.

Како што информираат од МВР, автомобил „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен возач, удил во 25-годишна девојка која била на велосипед.

Девојката се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Полицијата извршилa увид на местото на настанот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here