26ти Бадников оган за граѓаните на Скопје

1398
0
SHARE

Во организација на „Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник“, Скопјани по 26-ти пат ќе го прослават Бадник.

Тие ја информираа јавноста дека се направени сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата, а на 13 декември ќе бидат претставени кумот и здравичарот за Бадник 2018.

Ланскиот Кум на  на Бадник во Скопје беше Радко Манов, извршен директор на претпријатието „ГАМА“, додека здравичар беше Љубиша Николиќ, фудбалер, тон-мајстор во пензија, водител и режисер кој целиот работен век го мина во Македонското радио.

Традиционално, на 24 декември од падините на Водно, ке се собираат бадникови гранчиња за централното одбележување на Бадник, главниот настан е на шести јануари на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Оваа манифестација во минатото беше поддржана од градоначалникот на град Скопје, за оваа година сеуште немаме официјална потрврда

Кумот за Бадник 2018 со пајтон ќе замине со преодниот ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here