36 лица се гонат за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Приведени Чавков, Мукоски и дел од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“

1978
0
SHARE

По налог на Јавното Обвинителство  за гонење на организиран криминал и корупција, од утрово се врши масовна акција од страна на МВР за приведување на мица кои учествуваа во инцидентите на 27ми Април.

Во соопштението на Јавното обвинителство стои:

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка. По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик“

За ова дело се предвидени најмалку 10 години затвор.

Од МВР има потврда за апсењето на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Тој веќе се наоѓа во Основниот суд Скопје 1, каде што дава исказ пред судија на претходна постапка. Во Судот се донесени повеќемина други приведени утринава во голема акција на полицијата. Меѓу нив се и пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски, Игор Дурловски Горан Ангелов од Македонско патриотско здружение „Андон  Јанев – Ќосето“ од Велес и дел од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

Полицијата сеуште трага по Богдан Илиевски и Борис Дамовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here