АДВОКАТОТ НА БЕТМЕН ВЕЛИТ: Богдан Илиевски во ниту еден момент не ја повикува толпата да влезе во Собранието на 27 април

404
0
SHARE

Денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за настаните на 27. април минатата година во Собрание.

Според адвокатот на обвинетиот Богдан Илиевски, Дончо Наков, обвинетиот во ниту еден момент во својот говор не ја повикува масата да влезе во законодавниот дом односно Илиевски во говорот рекол дека целата ситуација ќе се заврши на избори, преенсува А1 он.

– Може да се слушне бучниот поздрав на демонстрантите, но никој не се упатува кон Собранието. Може да се види структурата на собраните кои се постари госпоѓи и пензионери. Ниту еден од нив не се упатува кон Собранието после говорот на Богдан Илиевски, вели Наков.

Говорот се случува 30 минути пред насилниот упад на толпата во Собранието.

Адвокатот на Илиевски пред да почне да се емитува снимката од пред Собранието повлече поголем дел од спремените докази.

Претходно обвинетиот Борис Дамовски кој исто така се смета за организатор на протестите, идентично како и дел од останатите обвинети целосно ги повлече доказите кои ги имаат предложено во негова одбрана.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here