3AПЛАШУBAЊЕ ИЛИ ОДМA3ДА: Вилата на сопственикот на Канал 77 полеана со нафта

133
0
SHARE

Очигледно насилно отворена влезна врата и полеана со нафта целата покуќнина, оставиле зад себе вандалите, кои во некој од деновите од изминатата недела влегле во викенд куќата на сопственикот на Канал 77, Горан Гаврилов во Пехчево, објавија медиумите.

Викенд куќата се наоѓа во населбата Равна Река во Пехчево, каде во 25 години постоење, немало ниту еден ваков инцидент, со исклучок на случајот пред неколку години, кога мигранти, на поминување, влегле во некои од куќите во потрага по храна.

Полицијата веќе два дена го истражува случајот. Се анализираат сите аспекти, вклучувајќи го аспектот на можна одмазда за информации објавени на Канал 77. Имено, во последните месеци, националното радио имаше серија истражувачки приказни, кои изнесоа коруптивни случаи, како и теми врзани за работењето на власта со можно криминално подземје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here