7 познати личности, од бездомници до славни и богати

1152
0
SHARE

Денес сите ги знаеме како богати, славни и успешни, но ретко кој знае дека во нивното детство и младите години поминувале низ права голгота.

На телевизиските екрани секојдневно ги гледаме познатите личности како се смеат, блескаат, им се воодушевуваме на нивниот изглед и убавина, на скапата гардероба и луксузот во кој живеат. Денес, нивниот живот изгледа совршено, а нивната работа лесна и возбудлива, затоа што тоа го сакаат и од тоа заработуваат милиони…

Вистинска бајка! Голем број од најпознатите и најбогатите познати личности поминале многу тежок животен пат. Дали ви се верува дека овие познати личности некогаш живееле на улица?

  • Џим Кери

Кога неговиот татко ја изгубил работата и кровот над глава, целото семејство се вдомило во комбе за кампување. Живееле во паркови за кампување на разни делови од Канада. Кога Џим наполнил 16 години, одлучил да го напушти училиштето и да почне да заработува и со тоа да му помогне на своето семејство. Почнал со кратки настапи на комедии во клубови. Денес, Џим Кери е славен глумец и комичар. Вели дека баш во тој тежок период на животот го развил својот смисол да хумор. Без разлика на тешките околности, тој никогаш не се откажа и успеа да ги оствари своите цели, да дојде на врвот.

  • Хали Бери

На 20 годишна возраст, денес славната глумица се доселила во Чикаго со желба да изгради своја кариера. Но набрзо останува без пари, а нејзината мајка не сакала воопшто да и помогне. Немала кај да живее, не можела повеќе да плаќа кирија за станот и завршила во прифаќалиште за бездомници. Хали признава дека тоа и бил најтежок период во нејзиниот живот, но е доста благодарна, затоа што научила да се грижи за себе и да ја земе судбината во свои раце. Почнала да работи како келнерка за да може повторно да се врати на стариот живот. Денес, Хали Бери е на врвот на ѕвезденото небо на Холивуд.

  • Џенифер Лопез

Кога имала 17 години, Џенифер имала тешка расправија со нејзината мајка и била приморана да го напушти својот дом и да спие на каучот во студиото за танц. Тоа ја охрабрило и повеќе да тренира. По неколку месеци, го добива првиот танцов аражман во Европа. Кога се вратила во САД, победила на Националниот танцов натпревар во популарната серија Living Color. Среќа што денес се тоа стана историја.

  • Хари Худини

Верувале или не, славниот магионичар, просел уште од 8 годишна возраст, продавал весници и често чистел чевли по улиците. Понекогаш кога се враќал дома, ги криел испросените пари во косата и  и викал на неговата мајка: “Заврти ме наопаку. Јас имам магија во себе”. Така на комичен начин искажувал на мајка му дека нешто успеал да заработи. Кога наполнил 12 години, избегал од дома и цела година ја поминал потполно сам. Од таа година, за неговиот живот ништо не се знае. Се враќа дома како курир, асистент на фотограф и што уште не. На 17 годишна возраст, Худини му претставува уметничко име и почнува да ја “создава магијата”.

  • Чарли Чаплин

Кога имал само 10 години, Чарли останува без татко му, кој починал како последица на тежок алкохолизам. Наскоро неговата мајка завршила во ментална болница, а Чарли останал сам без ничија помош и поддршка. На 14 години почнал да спие на улица. Сам и без пари, се хранел од контењетите со стара и расипана храна. По некое време, утреха наоѓа во комедијата, каде се крие зад солзата на кловнот. Така успеа да постане првиот комичар на кого се восхитуваа милиони.

  • Хилари Свонк

Младата глумица, нејзиното детство го поминала живеејќи по паркови заедно со нејзината мајка, спиела во стари и искршени автомобили и понекогаш ако имаат среќа да најдат некоја напуштена куќа. Денес, Хилари е славна добитничка на два Оскари, и нејзиното богатство се проценува околу 40 милиони долари. Но, таа никогаш не ги заборава своите корени, доказ за тоа е дека и денес се вози со подземна железница.

  • Даниел Крег

Елегантниот и силен Џејмс Бонд, во минатото бил толку многу далеку од богатството и денешната слава која ја ужива. Работел како конобар, а понекогаш и немал кај да спие, па така, неговиот дом често знаел да биде некоја дрвена клупа по градските паркови. Со многу работа и труд, огромна желба за преживување успеал да дојде на местото каде што е денес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here