АД Водостопанство изнајмиле 15 возила за 417.000 евра – Истите да се купат чинат 270.000 евра

453
0
SHARE

Државното водостопанство изнајмило 15 возила за 417.000 евра, иако истите можело да ги купи нови од салон за 270.000 евра, пишува ТВ 24.

ТВ 24 објави дека договорот за оперативен лизинг е склучен со „Аутомотив груп“- изнајмени се 14 теренски возила „Дачиа Дастер“ и едно “Рено Талисман“.

Спорно во договорот според оваа телевизија е и тоа што стои и дека во тие 5 години, ако едно возило надмине 100.000 километри, претпријатието ќе плаќа по 19 денари за секој нареден поминат километар.

Телевизијата пресметала дека претпријатието да ги купеше возилата, ќе платеше максимум 270.000 евра, или речиси 150.000 евра помалку од што ќе плати за изнајмувањето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here