Африм Фанда: Албанците во ПЈРМ да предложат име

410
0
SHARE

Каков став имаат Албанците во ПЈРМ за промена на името, прашува во својата последна колумна за порталот „Алмакос“, албанскиот колумнист Африм Фанда.

За цело време нарекувајќи ја Македонија со привремената референца, Фанда нагласува дека албанските политичари, пред се лидерот на ДУИ Али Ахмети, треба да бараат активно со свои предлози да учествуваат во решавањето на спорот.

-Владејачката албанска политичка класа, па дури и опозицијата, нема став за името што ќе биде решено како прифатливо за грчката страна, а потоа за ПЈРМ. Оваа работа, речиси нема никаква врска со нив. Лидерот на ДУИ, како дел од коалициската влада на СДСМ, цело време во јавноста вели дека е важно ПЈРМ да пристапи во НАТО и ЕУ, а разговорите за името ги гледа само во функција на ова членство. Албанците, кои всушност претставуваат трета страна во ова прашање, врз основа на историски и политички аргументи, се целосно игнорирани. Но, тоа не е грешка на “големите сили”, туку е „благодарение„ на албанските претставници инкриминирани во институциите на ПЈРМ! , пишува Фанда.

Според него премиерот Заев, со помош на „инкриминираните Албанци кои носат торби полни со криминални папки, засега успева да ја контролира албанската политика, негувајќи понижувачко албанско општество и систем на мафија кој нема ништо заедничко со европските демократски општества“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here