Агенцијата за вработување, без активни мерки за вработување за 2018та

808
0
SHARE

Усвојувањето на оперативниот план за активните мерки за вработување што ги предвидува, Агенцијата за Вработување и Министерството за труд и социјална политика, во моментов се мртви.

Оперативниот план поради неажурност и аљкавост на диркторката на АВРМ, Биљана Јовановска и министерката Царовска, за 2018та година сеуште не е усвоен на влада и затоа неможе да се распише оглас за да работадавачите и невработените лица користат средства за стимулирање на вработувањето од оваа агенција. Нормално е овој оперативен план да биде усвоен уште од ноември или декември претходната година, за да потоа се распише огласот од страна на АВРМ и правните лица и невработените да можат да аплицираат за добивање на средства. Невработените и фирмите се зачудени од неодговорноста на Мила Царовска и нејзината колешка Биљана Јовановска, па се поставува прашање, кога ќе се усвои оперативниот план ? кога ќе се објави огласот? Кога ќе аплицираатр и невработените? Кога ќе одлучуваат по пријавите? и конечно, кога и колку од средствата ќе им бидат исплатени?

За жал околу 200.000 невработени ја чекаат оваа  шанса со искрена надеж од МТСП и АВРМ, но директорката очигледно е преокупирана со евентуалната можна реконструкција на некои од објектите на агенцијата од каде би можеле веројатно да се направат интересни зделки. Инаку гореименуватната, е позната по тоа што потроши 600.000 евра за реконструкција на Скопската агенција за вработување и за тоа заработи кривична пријава за која злобниците велат дека се чува во фиока.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here