Ахмети ги покани Касами, Села, Гаши и Тачи на средба на годишнината од Рамковниот договор

179
0
SHARE

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги покани на состанок лидерите Африм Гаши – Алтернатива, Билал Касами – Беса, Зијадин Села – АА, Мендух Тачи – ДПА во четврток во скопскиот хотел Парк. Како што се наведува во соопштението на ДУИ, поводот се одржаните парламентарни избори. Состанокот симболично ќе се одржи на годишнината од Рамковниот договор.

Неофицијално средбата ќе биде искористена за обезбедување на поголемо мнозинство во евентуална нова Влада во која ДУИ ќе биде главен албански партнер. Засега ниту еден од лидерите на ја има прифатено ваквата покана.

„Ја добивме поканата. Ке донесеме одлука во претседателството и ќе ја информираме јавноста“, ни одговорија од БЕСА.

И од Алтернатива чекаат поканата да биде разгледена од партиските органи. Неизвесно е дали на средбата ќе се појават Тачи и Села. Досега од Алијанса ги одбиваа сите претходни постизборни обиди на ДУИ за соработка на албански партии, одлуката за новата средба ќе ја донесат вечерва.

Ахмети побара средба со албанските лидери само ден по информациите дека СДСМ и ДУИ се се поблиску до владин договор, а останува само спорно прашањето за премиерското место.

Веднаш по поканата лидерот на СДСМ Зоран Заев излезе со став дека состанокот на албанските лидери под водство на Ахмети го смета за притисок за прифаќање на условот – Албанец за премиер. Вели дека конечен договор со ДУИ нема.

„Во тек се сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство и кадри посветени на остварување на принципите на кои ќе функционира новата Влада. СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат “, велат од СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ Заев е тој го ги поттикнал како што велат етничките платформи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here