Како министерот за смрт постави сопствен кадар за директор во Пехчево!?

1167
0
SHARE

На партизација по институции постојано сме сведоци и нема крај, но она што е интересно за јавноста е кадарот на Никола Тодоров или лицето познато како Мистер за смрт кај членовите на СДСМ, кои баш сега видоа голем потенцијал во неговиот кадар.

Тодоровска Ирена е една од многуте експерти со партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ, зачленета во 2013-та година а исто така и вработена како медицинска сестра во болницата во Пехчево преку партиската структура на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето е дали СДСМ нема образовен кадар во нивните партиски редови во Пехчево па поради тоа ја поставиле Ирена директор на блницата во Пехчево или можеби си го потценуваат сопственото членство за некакво пазарење!?

Од извори блиски на членството во Општинската Организација на СДСМ во Пехчево, велат дека сопругот на Ирена е исто така во потесна трка за Претседател на ОО СДСМ Пехчево.

Останува да видиме кој е следен од кадрите на Никола Тодоров кој со членска на ВМРО-ДПМНЕ ќе добие раководна функција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here