Ако Дрисла е совpeмена депонија, Вардариште е совpeмена мизepија

171
0
SHARE

Дрисла прерасна во современа депонија, се пофали вчера градоначалникот Петре Шилегов.

Лавина од реакции кај скопјани предизвика оваа информација на социјалните мрежи:

-Да се фалите дека депонија станала современа е тажно и смешно, светот роботи има измислено за замена на човечкиот фактор, а ние со депонија се фалиме…

Но има и такви, меѓу скопјани, кои се сетија и на нешто друго:

-Супер што сте ја средиле Дрисла, туку да дојдете да ја „збришете“ Вардариште, во среде населба Маџари каде живеат луѓе се наоѓа – ако сте заборавиле да ве потсетиме: неколку протести таму се одржаа, неколку ветувања дадовте, еднаш рековте дека во моментот се празни па кога дојдоа новинарски екипи видоа дека всушност камион на Комунална хигиена ја полни, ги каравте новинарите дека ја викаат депонија, па ги корегиравте дека била привремена…

-Ако Дрисла е современа депонија, Вардариште е вашата современа мизерија! Требаше прво оваа страшна депонија во среде населба да ја средите а потоа да решавате нешто друго…

Скопско ехо

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here