Ако Мерцедесот е доказ во истражна постапка, зошто Владата го користи и употребува?

450
0
SHARE

Нема никакви правни пречки мерцедесот од 600 илјади евра да биде продаден, но, за да се спречи било каква можност обвинетите во случајот „Тенк“ на СЈО да се обидат да избегнат одговорност, Владата одлучила да ја запре постапката за продажба на возилото.

Ова на денешната прес-конференција го изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, кој додаде дека „мерцедесот“ е конзевиран, извршено е вештачење и се наоѓа во депо на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

„СЈО имаше дирекнта изјава во јавноста дека „мерцедесот“ може да се откупи. Но, сакаме да исклучиме било каква можност за избегнување на одговорност и изговори од обвинетите во случајот. Додека не заврши судскиот процес мерцедесот ќе остане во гаража“, рече Бошњаковски.

Тој дополни дека засега не се знае дали мерцедесот ќе се користи за странски делегации, но, беше категоричен дека во него ниту се возеле, ниту ќе се возат членови на Владата.

За набавката на мерцедесот обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски.

СЈО го товари Груевски за примање награда за противзаконито влијание, додека Јанкулоска и Попоски се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување.

Она што е симптоматично е дека Мерцедесот и покрај тоа што е предмет на доказ во судска и истражна постапка се користи за потребите на владата при просета на странски дипломатски претставници како и за потребите на Премиерот Зоран Заев и други владини претставници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here