Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

315
0
SHARE

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“, изјави еден од пазарџиите што протестира пред Собранието против новиот закон со кој се предвидува тезгаџиите да платат лиценци пренесува Макфакс

Пазарџиите од неодамна на сите скопски пазари ги заклучија тезгите и беа на протест пред Собранието. Тие извикуваа „Уа, Бектеши“, „Долу Влада, го соголивте народот“ и порачаа дека нема да работат сè додека нивниот глас не допре до надлежните и не се укине законот со кој се предвидуваат нови давачки за закупците на тезги.

„Не прифаќаме лиценци. Не, за лиценци, нема да им помине. 40 години сум на пазарот, ова е невидено што сега ни го прават. Погледнете колку сум облечен, цел ден се мрзнам да продадам еден-два килограма ориз и издржувам петочлено семејство. Чесно си го заработуваме лебот, нека нè остават на раат“, порача друг пазарџија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here