Актерот Владо Јовановски бара седницата во Апелациониот суд да биде јавна

808
0
SHARE

Актерот Владо Јовановски побарал седницата во Апелациониот суд на која ќе се разгледува неговата жалба по однос на продолжување на притворот за ушре 30 дена како осомничен за настаните во Собранието од 27-ми април, да биде јавна

Јавна седница бараат и Оливер Поповски од шестата управа, како и Горан Ѓошевски од обезбедувањето на Трајко Вељановски.

Во Апелација до сега пристигнале осум жалби по однос на одлуките од Кривичниот суд. Судот пред една недела одлучи да им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here