Aлаpмантно зголемувањето на долгот на државата кој според проценките се очекува да надмине над 50 % што е eкcтремно опаcна состојба.

371
0
SHARE

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии вчера одржа нова аукција на хартии од вредност со која повлече нови 860 милиони денари односно 14 милиони евра.

Она што е посебно алаpмантно е зголемувањето на долгот на државата кој според проценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е ekcтремно опаcна состојба.

Истовремено, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до април годинава се реализирани само 9,83 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година.

Економистите коментираат дека капацитетот на институциите да ги спроведат јавните инвестиции се од прecудно значење за економскиот раст на земјите во развој како што е Македонија. Ниското ниво на јавни инвестиции покрај тоа што не создава можност за квалитетни јавни услуги за граѓаните, како училишта, градинки, медецинска опрема, но исто така се намалува и обемот на работа за домашните компании.

Министерството за финансии редовно повлекува милионски суми на аукциите на државни хартии од вредност но сепак и покрај енормните задолжувања инвестициите во реални проекти изостануваат.

Извор Инфомакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here