АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ: Макрадули чека влез во НАТО за почист воздух, а Шилегов мисли само како да им ги земе парите на граѓаните!

417
0
SHARE

Почитувани, министерот за екологија не се бави со проблемите на граѓаните, макрадули чека влез во НАТО за почист воздух, а Шилегов мисли само како да им ги земе парите на граѓаните од џебот. Каде е планот за почист воздух кој хо имаа и го ветуваа, вели советникот во Град Скопје, Александар Трајановски.

-Состојбата со загадувањето на воздухот е алармантна и повеќе од загрижувачка. Мерките кои ги превзема градот Скопје и владата се несуштински, недоволни и популистички.
Целокупниот план кој тврдеа дека наводно го имаат, преставува фијаско и замајување на јавноста, најдобар доказ е рекордното ниво на загаденост, со што Скопје се здоби со прво место и стана најзагаден град во Светот.

Веќе станува збор за потврдена лага, нема чист воздух како што ветуваше градоначалникот Шилегов. А ветуваа дека имаат план, дека имаат визија. Нема суштински мерки, а како минува времето, повеќе од очигчедно е дека план за почист воздух не постои.

Тие лажеа и лажат, и си поигруваат со здравјето на луѓето. Потребно е прогласување на вонредна состојба и итни и драстични мерки кои ќе ги предложат стручњаците и експерите. Да престанат мерките кои се несуштински, експериментални и се замајување на јавноста. Единствено што паметат скопјани како мерка е поскапиот паркинг ,а полни џебови на градот скопје но не и ефект за почист воздух. Потребна е сириозна иницијатива и активизам веднаш, план за почист воздух дефинитивно нема, се вели во изјавата.

ВО ЖИВО: Прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Posted by Pressing TV on Tuesday, January 22, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here