Алексеј Навални објави видео за тајниот дворец на Путин вреден 1,4 милијарда долари (Видео+фото)

427
0
SHARE

Дури и во притвор на периферијата на Москва, Алексеј Навални останува трн во окото на рускиот претседател Владимир Путин. Завчера неговиот тим ги објави резултатите од големата истрага што се однесуваше на богатството на Путин и и овозможи на јавноста за прв пат да зирне во наводната палата на Путин на Црното Море.

Документарецот, објавен заедно со истражувањето, до сега го прегледале скоро 80 милиони луѓе на ЈуТјуб. Истрагата содржи обвинувања за неконтролирана корупциска шема поврзана со како што велат имотот на Путин во висина од 1,4 милијарди долари.

Руските власти негираат сè:

“Тоа е повторување на една стара приказна. Ако не се лажам, во 2017 или 2016 година, за првпат се појави приказната за таканаречената палата на Путин во Геленџик. Тоа не е точно. Нема палата, тој не поседува никаква палата“ изјави портпаролот на Путин Дмитриј Песков, пишува Си-Ен-Ен. Приказната за овој имот првпат се појави пред десетина години кога претприемачот Сергеј Колесников објави отворено писмо во кое го повикува тогашниот претседател Дмитриј Медведев да ја запре корупцијата што ја финансира изградбата на палатата. Извештајот и двочасовниот документарец објавен од Фондацијата за борба против корупција Навални (ФБК) нудат широк увид во палатата. ФБК тврди дека добиле детални нацрти на зградата од подизведувачи, како и список на купен мебел и фотографии од примероци на подовите. Со помош на собрани документи и фотографии, тие изградија 3Д-модел на ентериерот. „Ова е како држава во држава со која управува вечен император“, рече Навални во документарниот филм. „Направена е така што никој не може да пристапи до неа од копно, море или воздух. Илјадници луѓе кои работат во палатата имаат забрана да донесат дури и едноставен мобилен телефон со камера, но ние ќе ѕирнеме внатре“. Истрагата на Навални тврди дека имотот има површина 39 пати поголема од областа на Монако, пишува Би-Би-Си.

Според плановите, самиот замок има 17.691 квадратни метри и се состои од 11 спални соби, неколку дневни соби и сали, приватен театар, кино, казино, две бањи, турска бања, пекара и „валкана просторија“ за непозната цел. Собите имаат мермерни подови и столбови, а на таванот има раскошни украси моделирани според кралските палати во Санкт Петербург. Тие се опремени со кадифе и богати теписи. Посебен дел од извештајот е посветен на описите на неверојатно скапиот мебел направен по нарачка на луксузната италијанска марка.

Меѓу наведениот мебел се наоѓа маса во вредност од 56.000 УСД и тросед во вредност од 27 000 УСД. Просторијата што ја нарекоа „најконтроверзната просторија во палатата на Путин“ е салон за наргиле со нешто што потсетува на шипка за танц.

Тимот на Навални тврди дека трошоците за изградба на палатата се зголемиле забрзано поради постојаните реновирања. Веднаш на почетокот, имало проблеми со вентилација и висока влажност, што влијаеле на многу делови од луксузниот ентериер.

Приватно игралиште, црква, амфитеатар, лозје …

Палатата се наоѓа на земјиште од 68 хектари, но вистинската големина на имотот е до сто пати поголема, велат тие. Имотот, за кој тврдат дека му припаѓа на ФСБ, Федералната служба за безбедност на Руската Федерација, наводно бил припоен кон имотот. Земјата на ФСБ е наводно 70 квадратни километри. Судејќи според видеото снимено од ФБК со дрон, имотот има подземно хокејско поле, приватна црква, амфитеатар и стаклена градина од 2.500 квадратни метри.

Земјиштето го чуваат вооружени чувари, а над неа е прогласена зона на забранети летови. Покрај палатата, има лозје каде може да се слуша класична музика 24 часа на ден, што наводно помага да созрее грозјето, изјави за ФБК еден од лозарите од областа. Тоалетот лоциран во лозјето е опремен со четки во вредност од 850 американски долари, а тоалетната хартија е во носачи во вредност од 1.250 долари, тврдат од тимот на Навални.

Навални тврди дека производството на вино е „многу скапо хоби“ на Путин и дека рускиот претседател го служи тоа вино на своите пријатели, вклучувајќи го и кинескиот претседател Кси.

Таен договор меѓу Путин и олигархот

Навални исто така тврди дека открил корумпиран октопод што го финансира имотот и другите приватни трошоци на рускиот претседател. Наводно, на почетокот на неговиот мандат, Путин се договорил со руски олигарси и богати бизнисмени да „донираат“ дел од својот приход на инвестициска компанија, а потоа да префрлат 35 проценти од таа сума на посебна сметка во Швајцарија. „Со овие пари, тие изградија палата за својот шеф“, вели Навални во видеото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here