Амди Бајрам: Од денес сум пратеник од Сојузот на Ромите, не од Коалицијата за подобра Македонија

1467
0
SHARE

Пратеникот Амди Бајрам, на денешната седница во Собранието на Република Македонија се јави за збор процедурално и истакна дека повеќе не е дел од Коалицијата за подобра Македонија

– Сакам да изјавам дека до денеска во Собранието сум бил како пратеник од Сојузот на Ромите во коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, од денеска ќе делувам како пратеник од Сојуз на Роми – рече Бајрам во неговото кратко процедурално обраќање пред продолжението на денешната собраниска седница.

Од утрово тој не сакаше да дава изјави за медиумите, но вчера за Алсат М изјави дека има шанси да се придружи на пратеничката група на ДУИ, но како што кажа, сè уште се размислува и не може ништо да потврди, требало да се почека да се види дали ќе најдат заеднички јазик.

Од друга страна, пак, ставот на ДУИ е дека тој не може да биде дел од нивната група во Собранието, но може да си дејствува како независен пратеник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here