Амнестирани затвореници од Идризово фатени во кражби

482
0
SHARE

Амнестираните затвореници по пуштање од затворот Идризово веднаш биле фатени како извршуваат кражби на различни делови на Скопје.

21-годишниот М.Д. викан Оревче од Скопје на 12-ти февруари, во понеделникот го напуштил затворот Идризово околу 20 часот, а во 23.20 извршил разбојничка кражба, по што бил бил приведен од полицијата, соошти МВР.

Оревче, околу 23 часот, провалил во куќа на улицата „Македонска преродба“ во Скопје. Тој бил затекнат на лице место од сопственикот на куќата, па крадецот се нафрлил и врз него и го натепал. Откако ги украл парите избегал, но полицијата набрзо го уапсила. Во полициската станица во Ѓорче, кај него пронашле 5.500 денари.

Полицијата го уапсила и 37 годишниот А.Т., кој во Идризово долги години лежел затвор за повеќе кривични дела, за кражби, тешки кражби, разбојништво, кражба на возило како и дрога. Откако излегол од Идризово, повторно полицијата му ставила лисици на рацете, на 6 февруари, во 16.30 часот бил уапсен во скопската населба Ново Лисиче, каде што извршил дрска кражба, а се обидел да изврши и разбојништво. Во полициската станица во Аеродром, полицијата кај него пронашла украден мобилен телефон.

Зад решетки повторно завршила и жена осуденичка која била амнестирана за дрога. Во затворот Идризово, со амнестијата се ослободени околу 700 лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here