Ангеловска: Не знаев за пропаѓањето на „Еуростандар банка“

181
0
SHARE

Министерката за финансии Нина Ангеловска, преку соопштение ги демантира информациите дека ги повлекла парите од Еуростандард знаејќи дека банката ќе пропадне. Канал 5 побара и изјава од министерката околу гласините во јавноста, но Ангеловска ни одговори дека не е во можност да даде изјава бидејќи патува.

Преку соопштение таа тврди дека уште минатата година половина од депозитите кои ги поседувала ги инвестирала во инвестициски фонд, а пак со другата половина купила стан. Вели дека не е точна ниту сумата која се пласира во јавноста, единствено што е точно е дека имала депозит во Еуростандард.

Од Народната банка вчера уверуваа дека сториле се за да ги заштитат депонетите и доверителите на Банката. Тврдат дека преземени биле сите мерки за банката да не стигне до стечај. Најавија и тужба против мнозинскиот акционер во Еуростандард, Трифун Костовски кој се сомнева дека зад пропаѓањето на банката стојат поранешниот Управен одбор на Банката како и НБРМ.

Сомневања дека актуелната министерка ја злоупотревила својата позиција изрази и Петар Гошев, поранешен Гувернер на НБРМ и министер за финансии. Тој смета дека министерката искористувајќи ја својата положба навреме ги повлекла своите пари, бидејќи таа како член на Комитетот за финансиска стабилност, имала увид во состојбата на банката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here