Анѓушев ги повика домашните компании да инвестираат и вети поддршка од владата

1319
0
SHARE

Владата ги повика бизнисмените да инвестираат и да извезуваат производи. Финансиски ќе бидат поддржани со минимум 10 насто од вложениот капитал. Вицепремиерот Анѓушев тврди- проектираниот економски раст од 3,2 насто ќе биде постигнат.

Сега е моментот да се инвестира. Владата за наредната година предвидува за 46 отсто повеќе средства за поддршка на домашните компании кои ќе покажат еконосми раст и ќе го задржат бројот на вработените, а за извозно ориетираните компании поддршката ќе биде двојно повисока, посочи вицепремиерот Анѓушев.

Нагласи дека за зголемување на БДП простор има, само ако се зголеми извозот, но и да има подобра покриеност на увозот со извозот. Во последните месеци оваа бројака расте и моментно сме на рекордна покриеност од 74,4 отсто, прецизира Анѓушев.

Стопанските комори дебатираа за проблемите за интернационализација на бизнисите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here