АНИМИСТИЧКО – ДЕМОНИСТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ФАЗА ПОЛИДОКСИЈА

519
0
SHARE

​Во Македонија се е наопаку, па дури и не важат научно потврдените теории за еволуцијата на божествата (идолите). Без малку за десет месеци откако Заев и неговата „распуштена“ банда ја водат Владата успешно ги побија сите теории и правила за даден збор, ветување, а сите манипулации во предизборието и скоро повеќе од двегодишната криза во земјава, толку многу ги притиснаа граѓаните, што изгледа ќе заврши како онаа на султанот, „не е добро кога рајата молчи“. Но, нејсе, станува збор нели за 21 век и „развиена демократија“, па така неизбежна ќе биде многу набрзо „пенкало револуцијата“.

​Еве, сите овие случувања да ги погледнеме од аспект на теријата за еволуцијата на божествата. Веднаш на почеток, без никакви дилеми, ни случајно не може Заев да биде третиран како божество, но во однос на улогата што ја имаше „уривајќи го режимот“ и може да станува збор за некаква релативизирана антиципација.

Оттаму, ако политеизмот е верување во мноштво богови, во својата прва фаза
воспоставен според природните појави имаме богови на земјата, небото, водата, сонцето. Ако сето тоа го аплицираме врз совремиево се што се правеше (како вовед во доаѓањето на сегашнава власт) се правеше во името на боговите на демократија, правдата, вистината, еднаквоста … Сето тоа и за волја на вистината нужно резултираше со многу заведени и прелажани, кои сега, со секој поминат ден, секоја помината минута ја плаќаат својата заблуда.

Ја плаќаат со бркање од работа, со наместо зголемена или не дај боже плата
од 500 евра, со намалување на просечната плата во Државава, наместо ветените инфраструктурни проекти со дупки по улиците,поскапа вода за пиење и повисоки комунални услуги, чист воздух, наместо подобро образование – истепани деца од хигиеничари, на пример, за кои, „не е надлежна просветната инспекција (оти хигиеничарите влегуваат во категоријата технички персонал, а каква категорија е едно давено и истепано дете од 14 години?!?), тотална блокада на проектите и целосно назадување…, политички прогон, страшна пресметка со неистомислениците, секојдневно прекршување на законите, дејствија кои без преседан се кривична одговорност … и има уште многу, за жал дефинитивно со УБИВАЊЕ НА НАДЕЖТА !!!

Така,  наместо од анимизам кон политеизам, испревртено и безумно сме во длабока фаза на анимизам, кој што исклучиво претставува вера во душата и духовите (секој своите), а анимистичките претстави, според англискиот културолог и етнограф Едвард Тејлор, кој што го воведува овој поим во науката, ги претставува како првоначелен стадиум на развиток на религијата воопшто. Овде да напоменеме дека патот води преку политеизам и теизам, до развивање на монотеизмот односно развените религиски системи. Сега и овде, секому му останува сопственото верување или неверување како да преживее на семожните урнатини, откако се демистифицираа боговите на демократијата, правдата, вистината, еднаквоста…, а Заев и неговите избраници се вистински антиподи, на се што некогаш и не така одамна за некого претставувале. Демони кои секојдневно го разградуваат и уништуваат секој атом на вербата и верата…

Оттаму, нужно и секојдневно, расте етичката поларизација, која мора да доведе до воспоставување етичка контрола и есхатолошка концепција. Мора да се оддвојат вистината од лагата, доброто од злото, мора преку крајот да се обезбеди нов почеток и нов живот или оваа власт што го понижува народот и секој македонски граѓанин, економски го исцрпува, идентитетски го обезличува, го спротивставува помеѓу себе, МОРА ДА ЗАМИНЕ! Анимистичко – демонистичката македонска фаза МОРА да заврши, а Заев да биде сместен во сеништата на историјата!!! Таму, за сите има место, нели? Па, дури и за лик како него.

д-р Анита Ангелевска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here