Анита Ангелевска: ЗАЕВ ДОСТА Е ОД ВРЕМЕ РАЗДЕЛЕНО

620
0
SHARE

Заев, навистина ни се смачи од твојата надеж, достоинството за кое зборуваш, а го немаш, ама свесен си, дека деновите СЕ ТРОШАТ !!!

Ти, од првиот момент не беше ништо друго, туку само потрошено човече, кое еве сега сака да ја „потроши“ Македонија. Со брзината на светлината успеа и на своите ментори да им докажеш дека не си добар за „каршилук“, па така откако го урна „режимот“, не само што воспостави „хунта“, туку си подготвен да направиш „колективно погребение“ – национално, институционално, економско.   Граѓаните на Македонија ти се изгубени и во депресија, членовите на партијата разочарани и невработени, а до толку не знаеш да се погрижиш за добрите меѓуетнички односи, кои се традиција на овие простори, што направи – особено од Албанците, со твоите постапки и мешетарење, најголеми непријатели на Македонија. Да, ти Заев, направи, со твојата мала дружина (раководена од Рада) и со малубројните претставници на албанците во вашата насилно дојдена власт, таков амбис кој што само мудроста и заедничкиот вековен помин на овие два етникуми – македонскиот и албанскиот ќе можат и мораат болно, полека и многу внимателно да го премостат ЗАЕДНО!

Ти, Заев, веќе си чудо и за децата, не те разбираат младите, а возрасните од тебе просолзуваат. Ти, Заев, очигледно, не можеш ни себе си да си објаснеш ниту што правиш, ниту што зборуваш, ама затоа најбезобразно заслужуваш да бидеш прашан дали знаеш кој е Конески, дали знаеш која е пораката што Пиреј на Петре.М Андреевски ја испраќа, дали воопшто си ги прочитал Црнила на Чашуле. Очигледно, немаш поим од Везилка и Тешкото, а тоа што видливо манифестираш кловновски однос кон себе, ама ич не ме засега, ама што тоа го проектираш кон секој македонец, мора да го платиш, да си заминеш и да станеш политичко минато. Ти, Заев, многу брзо, велемајсторски успеа да го разочараш и изневериш народот кој многу лесно го прелага. Сега, пак упатуваш закани и пак ќе апсиш, па добро, од тебе и друго не видовме – АПСЕЊА, БРКАЊА, ЗАКАНИ, ПРИТИСОЦИ, ПРОСЛЕДЕНИ САМО СО ГОЛО ЖИВОТАРЕЊЕ !!!

Ама, не се плашиме, ќе помине твоето аздисување, се гледа дека е пред кулминација, по што природно следува расплет и конечно, ТВОЈОТ ПАД ЗАЕВ.

Има еден многу добар романескнен текст од Андон Дончев – ВРЕМЕ РАЗДЕЛНО. Не ти нудам македонски, да не ме разбереш погрешно, еве нека биде бугарски. Пораката на текстот е вечна, вистинита, полезна. Многу си зафатен со мешетарења, а и градоначалнициве твои ти се закануваат со бегање (оставки), знам дека немаш ниту време, а и желба претпоставувам,  ама те замолувам, не, ТИ НАРЕДУВАМ  прочитај го овој цитат:

„ Сине, ја виде тврдината. Светот е поделен со големиот ѕид на тврдината. Од крај до крај. Внатре во тврдината постојат луѓе, а однадвор зло. Сите стојат помеѓу двете шУплини и го држат ѕидот во еден чекор (чекорејќи). Не знам, тоа можат да бидат големи луѓе, генерали, кои држат по стотина лакти. Можеби постои и генерал кој знае што се случува по должината на целиот ѕид. Го гледам мојот чекор. И знам, дека треба да ја заштитам. Ако не ја заштитам, кој ќе ја заштити? И ти мораш и треба да се бориш. Секој пред себе. Не знаеш што се случува на следниот чекор. Не гледаш. Гледаш само пред себе и ги удираш рацете и лицата на лошите луѓе кои сакаат да се искачат на ѕидот. Можеби злото се надева дека токму кај твојата врата ќе провали. Мораш да се бориш и ниту за миг да не се повлекуваш од твојата позиција, без надеж дека можеш да одмориш и после да се вратиш. Мрднеш ли, злото ќе влезе. И откако ќе умреш, твоето тело треба да ја блокира вратата меѓу двата жлеба.

Темнината молчеше. Тогаш детскиот глас праша: – Татко, што е злото?. Молк. И после – Маноловиот глас: – Зло е тоа што ги разделува луѓето. И потоа: – Добрите луѓе. “

Ти, Заев, направи од Македонија раскарана племенска заедница, ги отвори сите врати да влезе злото, ама заборави дека и твојот пат за многу скоро е токму низ една од тие врати што ти ги отвори и разруши.

Затоа, ДОСТА Е, НЕ САКАМЕ ВРЕМЕ РАЗДЕЛЕНО !!!

д-р Анита Ангелевска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here