Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во вечерашното гостување на „Топ Тема“ на Телма, најави дека утре ќе бидат отворени неколку нови случаи.
На утрешната седница ќе отвараме нови случаи по пријави, како случајот Глобал, „Едно евро за Вицето“, знаете дека ние работиме неселективно. Исто така утре ќе отвориме и случаи по пријави на граѓани. Седниците се отворени и јавни и секогаш ја известуваме јавноста“, рече Ивановска.
Според Ивановска тие имаат се поголем број на пријави од граѓани што укажува дека расте довербата во институцијата.