Антикорупциска поднесе прекршочна против Ирина Пановска в.д. директорка на Клиниката за хематологија

506
0
SHARE

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница донесе одлука да поднесе прекршочна пријава против актуелната в.д. директорка на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска затоа што навреме не поднела анкетен лист.

Пановска е именувана на функцијата на 4.08.2017 година, а според законот има обврска при секое ново назначување да поднесува анкетен лист, односно на секои шест месеци.

Иако имала обврска четири пати до сега да поднесе завршен анкетен лист и потоа одново бидејќи е четирипати повторно именувана за в.д. директор, таа на 15.05 доставила анкетен лист за сите именувања одеднаш. Констатираме дека тоа е ненавремено поднесување, велат во антикорупциската комисија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here