Антикорупциската комисија почнува истрага за продажбата на паркингот кај ГТЦ

273
0
SHARE

Антикорупциската комисија денеска одржува седница на која отвори повеќе предмети по чуен глас, по пријави од граѓани и политички партии.

На предлог на претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, отворен е предмет и за продажбата на земјиштето кај „Холидеј ин“, паркинг-плацот во строгиот центар. Ќе се истражуваат сомнежите поврзани со негово окрупнување, но и за загрозување на животната средина.

Две фирми пред повеќе од половина година ја купија атрактивната парцела од 9.000 м2 за сума од 312 евра по квадрат, на која е предвидено да никнат 60-катници.

Парите беа уплатени еден месец пред да дознае јавноста во државниот буџет, а се работи за 2,9 милиони евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here