Антонио Милошоски си ја обезбедил фамилијата со државна плата

487
0
SHARE

Од Антикорупциска на денешната седница ги обелоденија имињата на членовите на фамилијата на Милошоски за чие вработување тие ќе побараат целосна документација од институциите и претпријатијата во кои биле вработени поради постоење сомнение за судир на интереси.

Државната комисија за спречување на корупција се сомнева дека пратеникот Антонио Милошоски влијаел при вработувањата на четворица членови од неговата фамилија.

Од Антикорупциска на денешната седница ги обелоденија имињата на членовите на фамилијата на Милошоски за чие вработување тие ќе побараат целосна документација од институциите и претпријатијата во кои биле вработени поради постоење сомнение за судир на интереси.

Станува збор за снаата на Милошоски, Александра Милошоска која била вработена во Управата за јавни приходи. Вујкото на пратеникот, Станко Коруноски, бил поставен за раководител во Агенцијата за катастар.

Братучедот на Милошоски, Станко Коруноски бил вработен во Централен регистер на Република Македонија а во Водовод и канализација во Скопје била вработена братучетката на пратеникот, Јелица Милошоска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here