Апасиев не почитува прописи, и кај Собрание паркира на тротоар

184
0
SHARE

По веста дека пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, е казнет за непрописно паркирање, граѓани го фотографирале неговиот автомобил паркиран на тротоар во околина на Собранието, додека тој извршува обврски на работното место.

Узурпацијата на јавниот простор и попречување на пешаците или на сообраќајот стана препознатлива карактеристика на Апасиев кога станува збор каде се паркира, а за неговото несовесно однесување во сообраќајот ги обвинува државните институции.

Пратеникот го наклевети Град Скопје дека пајак службата му работи во спрега со урбаната мафија, откако неговиот автомобил, кој бил погрешно паркиран, бил подигнат од еден пајак.

Град Скопје извести дека пратеникот паркирал автомобил на улица блокирајќи го протокот на сообраќај и непрописно паркираниот автомобил бил отстранет од службите. Градскиот паркинг постојано добива пријави од граѓани за блокирани тротоари и коловози и постапува по пријавите во согласност со законот. Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“.

Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат воведено зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса. За службите на Град Скопје законите важат подеднакво за сите, па и за несовесните пратеници кои ги прекршуваат забраните за паркирање на автомобили на коловоз.

Наместо да послужи за пример пред граѓаните и совесно и правилно да паркира, Апасиев со пласирање лаги во јавноста сака да се сокрие од случајот и вината да ја префрли кај надлежните.

Извор 24инфо

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here