АПРИЛИЈАДА 2019 НА ПЛОШТАД „МАКЕДОНИЈА“

373
0
SHARE

Детскиот културен центар (ДКЦ) „Карпош“ и Град Скопје организираат априлијада под мотото „Скопје се смее“. Манифестацијата ќе се одржи на 1 Април 2019 год. (понеделник) од 11.00 до 16.00 часот на плоштад „Македонија“, а се најавува како голема детска журка.

Поканата се однесува за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на град Скопје.

Забава со маски, песнички, игри, забава со модерен балет и останатите секции на ДКЦ „КАРПОШ“, Златно славејче, танцови групи од основните училишта, фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите: Спајдермен, Ајронмен, Супермен,Бетмен.

Учество ќе земат и децата кои ги освоија нашите срца, а освојуваат и многубројни награди и врвни признанија во својата категорија, а тоа се децата со Даунов синдром од Трисомија21.

Оваа година плоштадот ќе биде поделен во неколку зони каде ќе има нај различни активности за посетителите.

Организаторите на настанот најавуваат и други изненадувања, па затоа ќе мора да дојдете и да ги видите.

Бонус забава од 16.00 до 19.00 исто така на Плоштад Македонија со малдите таленти:Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, како и еминентните музички уметници:Александар Митевски, Арбен Бени Шаќири и музичкото училиште Music House. Забавата продолжува со DJ Ampov за сите „големи деца“ од 17.00 часот на Плоштад Македонија.

Водител на настанот ќе биде неповторливиот Мартин 99 Трпчевски.

Извор Инфомакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here