АРМ ќе распише конкурс за нови 125 професионални војници

510
0
SHARE

При посетата на Воено- медицинскиот центар, Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска најави повеќе пари за опремување во АРМ и вработување нови 125 професионални војници.

„Го објавуваме првиот конкурс за прием на нови 125 професионални војници во Армијата на Република Македонија, кој ќе биде дел од вкупно 375-те нови професионални војници кои треба да го зајакнат армискиот состав. Сакам да ги повикам сите млади луѓе на возраст до 25 години со завршено средно образование, кои веќе доброволно го отслужиле воениот рок да се пријават на овој конкурс и да дадат шанса за својата генерација, да создадат шанса, но и да влијаат на зајакнување на составот на Армијата на Република Македонија“, нагласи министерката Шекеринска.

Заемно прифатливо решение за разликата со името, ќе биде во интерес и на Македонија и на Грција. Нашата определба за членство во НАТО и во ЕУ не е од сега, вели министерката за одбрана.

Во однос на протерувањето на рускиот дипломат, истакна дека стратегиските одлуки се наши.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here