Арсовски: Заеви имаат Три фирми во Петрич во соседна Бугарија, пријавени на една иста адреса

393
0
SHARE

Народот вели кој лаже – тој краде. Погледнете како Зоран Заев безобразно ја лажеше македонската јавност пред неполна година. Зоран Заев тогаш велеше дека се што има му е во Македонија и дека нема компании во странство. Е ова почитувани, е бесрамно лажење на Зоран Заев, порачува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вистината вели дека Заеви имаат 3 фирми во градот Петрич во соседна Бугарија, пријавени на една иста адреса. И тоа фирмата за градежништво Гомасиндра која од август 2018 е во сопственост на братучедот на премиерот, Трајче Заев, фирмата за транспорт и логистика Ориент Груп основана од Вице и Славица Заеви, па потоа превземена во декември 2018 година од Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев и третата фирма, тоа е фирмата за транспорт и логистика, Радиша трејд во сопственост на зетот на премиерот, Радиша Бојовиќ Заев. Внимавајте три фирми на Заеви со слична дејност, формирани речиси во ист период, на една адреса во Петрич – Република Бугарија. Прашањето е зошто Зоран Заев лажеше за постоењето на фирми во странство во сопственост на кланот Заеви? Очигледно беше затечен од овој скандал и затоа пелтечеше нервозно и хаотично одговараше на дуелот, односно не знаеше што да каже за потоа да признае дека навистина имале фирми во Бугарија и знаел за тоа. Постои основан сомнеж дека овие фирми не се туку-така формирани, туку дека целта е да се прават преку нив матни зделки и криминал. Сепак на крајот на краиштата на чело на овој клан стои еден аболицираниот за финансиски криминал а тоа Зоран Заев, кој не крие дека сака да биде главниот комерцијалист во семејните фирми, вели тој.

Арсовски ги повика медиумите да го следат овој скандал.

-Нервозата кај Заев и СДСМ, но и молкот кој завладеа за ова прашање, јасно покажува дека се одмотува една поголема афера која мора до крај да се расчисти и за која Зоран Заев треба уште веднаш да почне да дава одговори наместо да молчи и да ќути. Во овој случај со фирмите во Петрич сериозно мириса на криминален скандал. Ги повикуваме медиумите да се одважат и будно да го следат овој скандал. Ова не е само една од многуте лаги на Зоран Заев, бидејќи искуството говори таму кај што се фирмите на Заеви секогаш станува збор за матни зделки и за милиони пари, порача Арсовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here