Артан Груби ги избришал Африм Гаши и Зијадин Села од листата на гласови?!

525
0
SHARE

Порталот Бесабесе.ком, тврди дека  пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби, при гласањето на законот за употреба на јазиците, повторно ги предал Албанцте, односно албанските опозициски партии, како што тоа го направил на кобниот 27ми Април.

За време на усвојувањето на законот и пребројувањето на гласовите во Собранието, каде што според листингот стои дека 64 Пратеници гласала зе, порталот тврди дека Артан Груби успеал да ги избрише Имињата и гласовите на Зијадин Села од Алијансата на Албанците и Африм Гаши од Беса.

Впрочем Африм Гаши од Беса сподели статус на својот Фејсбук профил каде што прво го честита донесувањето на Законот за употреба на јазицита, а потоа и напомена дека сите 5 пратеници на БЕСА придонеле за донесување на јазикот.

Денес заедно со парламентарното мнозинство го усвоивме Законот за употреба на јазиците. Иако сме кажале дека овој закон не ја заокружува официјализацијата на Албанскиот јазик, Движењето БЕСА со своите 5 гласа ја овозможи бројката од 64 за да може законот да помине. 
Честитки за ова унапредување, со желба дека во иднина ќе се направи целосна официјализација.

Африм Гаши, претседател на Движењето БЕСА

Posted by Afrim Gashi on Wednesday, March 14, 2018

Но на листингот од гласањето во собранието го нема името на Африм Гаши.

Порталот Бесабесе.ком доодава дека ова е срамен чин на Артан Груби, особено на денот кога сите албански пратеници треба да бидат заедно и заеднички да ја слават победата и унапредуњето на законот за употребата на јазиците, не прекинува предавството од страна на ДУИ. Оваа измама нема да му ја простат Албанците на Артан Груби и на ДУИ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here