Аце Коцевски: Општина Арачиново минатата година има наплатено само 970 денари данок на имот

1400
0
SHARE

Пpoблемот со општините во Македонија е што голем дел од нив немаат изградено добри манаџерски административни капацитети за финансиски менаџмент, немаат направено репроценка на данокот на имот, базите на податоци им се стари од 2005 година, како што биле превземани од Управата за јавни приходи.

Некои од општините имаат направено репроценка, но многу е низок процентот на наплата, не сакам да споменувам имиња на општини, но има една општина која што има само 970 денари наплатено во текот на минатата година по основ на данок на имот, вели Коцевски.

Градоначалникот на Велес најпрво ooдби да ја соопшти која е таа општина, подоцна ја соопшти дека станува збор за скопската општина Арачиново.

Извор Инфомакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here