„Добивме 500.000 дози вакцина против ковид-19 испратени до нас од индиската влада“, рече авганистанскиот привремен министер за здравство Вахид Мајрох на аеродромот во Кабул, каде присуствувал на преземањето на вакцините.
Вакцината од англо-шведската компанија AstraZenecа и Универзитетот Оксфорд е произведена од Индискиот серумски институт, најголемиот производител на вакцини во светот. Институтот со забрзано темпо произведува милиони дози вакцина АстраЗенека за Индија, соседните земји и многу земји во развој.
Вакцината ќе биде прва што ќе ја примаат здравствените работници и старите лица со хронични болести, рече министерот.
Авганистанската влада планира да вакцинира 60 проценти од населението и работи со Светска банка и Европската унија за набавка на дополнителни дози, рече министерот.