Авион слета безбедно без предни тркала (видео)

414
0
SHARE

Пилотот успеал успешно да го слета авионот во Мијанмар и покрај тоа што при слетување не се отвориле предните тркала.

Во присилното слетување на авионот „Ембраер 190“, никој не бил повреден, објави Ројтерс.

Пилотот во два наврати прелетувал покрај контролната кула на аеродромот, за да добие потврда дали се спуштени предните тркала.

„Капетанот (на авионот“ преземал процедури за испуштање на горивото за да ја намали тежината на авионот пред да слета“, се вели во соопштението, објави Ројтерс.

На видеото, се гледа како авионот слетува на задните тркала пред да почне со „носот“ да лизга по пистата и да застане.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here