Австралискиот кардинал Џорџ Пел осуден на 6 години затвор

267
0
SHARE

Австралискиот кардинал Џорџ Пел е осуден на 6 години затвор поради сексуална злоупотреба на две момчиња штитеници на црквата во периодот додека бил на должноста архиепископ на Мелбурн

На 6 години затвор е осуден австралискиот кардинал Џорџ Пел, поради сексуалната злоупотреба на две момчиња штитеници на црквата, во периодот додека бил на должност во Мелбурн, јавува AA.

Џорџ Пел во периодот од 1996 до 2001 година во Австралија ја извршуваше должноста архиепископ на Мелбурн. Во судскиот процес во кој на Пел му се судеше за сексуална злоупотреба на две 13-годишни момчиња, поротата 77-годишниот кардинал го прогласи за виновен, а читањето на одлуката беше спроведено во Окружниот суд во Мелбурн.

Во текот на судењето, кое беше директно пренесувано на телевизиските канали, судијата Петер Кид му ја прочита судската одлука. „Жртвите имаа доверба во тебе, а ти користејќи ја својата моќ, ја злоупотреби таа доверба“, рече судијата, досудувајќи му на кардиналот Пел затворска казна во времетраење од 6 години.

Кардиналот Пел е највисоко свештено лице од Католичката црква, кој е осуден на затворска казна поради кривични дела извршени врз деца. Кардиналот ќе може да поднесе жалба во јуни 2019 година, а по 3 години и 8 месеци ќе може да аплицира за кауција.

Директниот пренос од соопштувањето на одлуката пред Судот во Мелбурн на своите мобилни телефони го следеа жртвите на сексуалната злоупотреба, преживувајќи емотивни моменти. Жртвите и нивните најблиски пред Судот во Мелбурн беа обземени од радост кога ја слушнаа одлуката, аплаудирајќи и нагласувајќи дека е многу значајно испраќањето на кардиналот Пел во затвор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here