Австрија ги отфрли плановите на ЕУ за повеќе мигранти, се приклучи кон блокот од Источна Европа!

549
0
SHARE
Премиерот на Австрија, Себастијан Курц и Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан

По примерот на Чешка, Полска и Унгарија, Австија е следанта земја од Европската унија која го искритикува и отфрли планот за распределба на мигранитите во земјите од Европската Унија.

Новиот канцелар на Австрија, Себастијан Курц, рече дека новатиот план за мигранти на Европската унија не функционира и дека сака да ја промени “погрешната политика за бегалци”.

Курц сега ги здружи силите со водачите на Унгарија, Полска и Чешка, земји кои веќе одбија да ја усвојат ЕУ повелбата за мигранти.

Според Курц, “позитивно е што Туск (претседател на Европскиот совет) и неколку европски држави вршат притисок првенствено за пристојна заштита на границите и трошење на повеќе фондови на ЕУ”.

Претходно Туск ја нарече проблематичната шема “неефикасна” и “раздвојувачка” пред самитот на ЕУ во Брисел оваа недела.

Со пристапувањето на Австрија во земјите од Вишеград во Источна Европа, блокот станува посилен и посилен и претставува сериозна форма на опозиција против плановите за миграција на ЕУ.

Претходно оваа недела Полска и новиот премиер на Чешка, исто така, даде критичка изјава за плановите за миграција на ЕУ.

Шемата за распределба на ЕУ беше воведена за да им помогне на земјите каде што пристигнале мигранти како Грција и Италија. Најмалку 160.000 мигранти треба да се прераспределат околу остатокот од блокот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here