Бегал од полиција со возило со мигранти, па излетал од патот

290
0
SHARE

Од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица Неготино и униформирани полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово, вчера во 17:20 часот кај с.Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, било забележано патничко моторно возило „Фиат браво“, управувано од И.Е. (20) од нас. Шуто Оризари-Скопје, а во кое се превезувале мигранти.

Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината.

Во близина на ТЕЦ-Неготино, И.Е. излетал од коловозот. Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници се приведени.

Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here