Бејли:Членовите на ДИК се почастиле со бонуси во висина од 9 плати

745
0
SHARE

Членовите на Државната изборна комисија по локалните избори се почестиле со бонуси во износ од четири месечни плати. За нивната работа на предвремените парламентарни во декември минатата година пак си поделиле бонуси во висина од 5 месечни примања.

Информацијата ја обелодени американскиот амбасадор, Џес Бејли, кој имаше предавање за борбата против корупцијата на Факултетот за безбедност во Скопје.

„Гласовите во Комисијата биле едногласни, без разлика на партија или етничка припадност. И персоналот вработен во Комисијата добил помали бонуси. Но гласањето се одржало зад затворени врати, надвор од очите на јавноста. А за агенција со многу потреби што говори тоа за лидерските приоритети?“, вели Бејли.

Бејли постави прашање зошто луѓето да го премолчуваат ова. Тој посочи и кон таканаречените „свиркачи“, но и кон истражувачкото новинарство, бидејќи во јавноста не била доволно запознаена со овие случувања.

Американскиот амбасадор праша и каде биле собраниските алатки за надзор на работата врз ДИК. Од ДИК најавуваат писмена реакција.

извор:www.tv21.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here