На 13 ти јуни ќе има одлука дали штипски Бетон ќе оди во стечај или не.
Тројца доверители побарале да се отвори постапка за оваа градежна компанија.
Ликвидноста на овој некогаш голем играч во градежната индустрија ја утврдува привремен стечан управник, по што ќе се знае висината на долговите и побарувањата, но и имотот со кој располага.
Последниве неколку години штипски Бетон работи со загуба, а претрпе и промени во сопственичката структура. Лани според извештајот објавен на веб страницата на Македонска берза ја завршиле со загуба од над 53 милиони денари, а во минус од 14.4 милони денари работеле и во првите три месеци од оваа година.
Поради неликвидноста често доцнеа и со исплата на платите, кредитите кон банките, но и изградбата на објектите.