Без интонирање на химната, почна билатералната средба на Заев и Ципрас

295
0
SHARE

Премиерот на Грција Алексис Ципрас допатува денеска предпладне во официјална посета на Република Македонија како прв грчки премиер кој го прави тоа.

Планираниот дочек на грчкиот премиер пред зградата на владата е скратен и немаше интонирање на химните, бидејќи авионот со кој допатува грчката делегација доцнеше на скопскиот аеродром.

Ципрас на излегувањето од автомобилот го дочека премиерот Заев и средбата на двајцата коелги започна срдечно, со прегратки, бакнежи и селфи фотографирања.

После краткиот поздрав на двајцата премиери и грчки министри кои дојдоа со Ципрас влегоа во зградата на Владата, каде се одржуваат билатерални средби а следи и заедничка седница на двата кабинети.

Според планот, денес во Скопје, Ципрас ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и заедно со Заев ќе го отворат бизнис форумот на претприемачите на двете земји.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here