Без вода дел од Кисела Вода и дел од населбата Бардовци

65
0
SHARE

Прекин на водоснабдувањето изутрина од 9.30 часот има за корисниците од улиците „6“ и „8“ во населбата Бардовци.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект на улица „6“, број 52.

Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот.

Поради дефект на улица „Чедомир Кантарџиев“, број 3, без вода ќе бидат и корисниците од оваа и дел од улицата „Наум Охридски“ во општина Кисела Вода.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато во текот на денот поточно од 09:30 часот, па се до отсранувањето на дефектот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here