Бил Гејтс пpeдyпpeдyвa на поголема kaтacтpoфa од kopoнa виpycoт

244
0
SHARE

Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс предвидува еколошка катастрофа чии последици ќе ги надминат штетите од корона вирусот.

Според неговите прогнози, во неколку наредни децении планетата ќе се соочи со голбална криза поради климатските промени.

„Колку и да е ужасна пандемијата, климатските промени ќе бидат уште полоши“, напиша тој на својот блог.
Милијардерот е уверен дека е неопходно драматично намалување на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина за да се спречи катастрофа.

Ги спореди потенцијалните последици од еколошка криза со пандемијата на корона вирусот – смртноста од инфекцијата изнесуваше во просек 14 луѓе на 100.000 жители, додека, според неговите проценки, во наредните 40 години смртноста од зголемувањето на температурата на Земјата ќе биде иста, а до 2.100 година и пет пати поголема.

Човештвото нема многу време и мора да делува сега во областа на чистата енергија, уверен е тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here